Концесии за автопатиштата Гостивар - Кичево и Скопје - Блаце

Bez autora
Feb 12 2014

До почетокот на јуни Министерството за транспорт и врски очекува да се распише повик за концесионер на автопатските делници Гостивар - Кичево и Скопје - Блаце. Според министерот Миле Јанакиески, по изготвената физибилити-студија, меѓународната финансиска институција ИФЦ ќе треба да анимира што повеќе потенцијални концесионери. Патниот правец Скопје - Охрид ќе биде предмет на концесија, а физибилити- студијата е веќе завршена. Нашата цел е до мај ИФЦ да направи повеќе роуд шоуа на кои ќе анимира повеќе потенцијални концесионери и финансиски институции. Очекуваме кон крајот на мај или почетокот на јуни да распишеме повик за концесионер за делницата Гостивар - Кичево, како еден пакет. Вториот пакет е од Скопје до Блаце, изјави Јанкиески на вчерашната промоцијата на новата интернет - страница на ЈП за државни патишта.

Концесии за автопатиштата Гостивар - Кичево и Скопје - БлацеДо почетокот на јуни Министерството за транспорт и врски очекува да се распише повик за концесионер на автопатските делници Гостивар - Кичево и Скопје - Блаце. Според министерот Миле Јанакиески, по изготвената физибилити-студија, меѓународната финансиска институција ИФЦ ќе треба да анимира што повеќе потенцијални концесионери.

„Патниот правец Скопје - Охрид ќе биде предмет на концесија, а физибилити- студијата е веќе завршена. Нашата цел е до мај ИФЦ да направи повеќе роуд шоуа на кои ќе анимира повеќе потенцијални концесионери и финансиски институции. Очекуваме кон крајот на мај или почетокот на јуни да распишеме повик за концесионер за делницата Гостивар - Кичево, како еден пакет. Вториот пакет е од Скопје до Блаце“, изјави Јанкиески на вчерашната промоцијата на новата интернет - страница на ЈП за државни патишта.

Според него, изградбата на делницата од Приштина кон Скопје за која косовските власти треба да склучат договор најдоцна до март, ќе ја направи делницата Скопје - Блаце поатрактивна за концесионерите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik